Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол изјави во саботата дека ќе се бори за својата политичка иднина откако беше отповикан од должноста во парламентот, процес предводен од опозицијата поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица.
„Иако сега морам да застанам, патот по којшто тргнав кон иднината со луѓето во последните две ипол години никогаш не смее да запре. Никогаш нема да се откажам. Ќе се борам докрај“, изјави Јун.
И покрај отповикувањето, Јун останува на функцијата а за негово конечно разрешување Уставниот суд ќе одлучува во следните шест месеци. Ако Јун биде сменет од функцијата, ќе бидат распишани предвремени избори.
Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година. Јун го преживеа првиот импичмент минатиот викенд кога неговата партија го бојкотираше гласањето, а парламентот беше без кворум.
Одлуката за отповикување дојде денеска откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се приклучија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, минувајќи го прагот од две третини потребни за отповикувањето.
На Јун се гледа како на тврд политичар кој знае како да преживее, но поради лични скандали и конфликти, тој станува сѐ поизолиран. Откако беше објавена веста за неговото отповикување, неговите поддржувачи брзо се разотидоа од пред парламентот, додека неговиот противкандидат не ја криеше среќата и задоволството од исходот на гласањето.
Сепак, иако тој сѐ уште останува на функцијата, неговите овластувања се суспендирани. Јун е на половина пат од неговиот петгодишен мандат.
Премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател. Хан вети дека ќе стори сé за да обезбеди стабилност во земјата по импичментот на Јун.
„Ќе ги искористам сите сили и напори за стабилизирање на владата“, рече Хан.
Лидерот на опозициската Демократска партија, Ли Јае-Мјунг им се заблагодари на народот за соборувањето на Ју, велејќи им: „Вие го овозможивте тоа. Вие пишувате нова историја“.
204 пратеници го поддржаа отповикувањето, 85 беа против, тројца воздржани, со осум неважечки ливчиња.
Јун ја шокираше својата земја кога прогласи вонредна состојба на 3 декември, објаснувајќи дека сака да ја заштити земјата од „севернокорејските комунистички сили“, за да ја повлече одлуката шест часа подоцна.
Водачот на Демократската партија, Ли Џе-мјунг, тогаш рече дека прогласувањето воена состојба е неуставна, а Хан Донг-Хун, шеф на владејачката Партија на народна моќ, чиј член е претседателот Јун Сук Јеол, исто така вети дека ќе ја блокира декларацијата. , опишувајќи го како „погрешно“.
Јун подоцна се извини, но ја бранеше одлуката и одби да се повлече.
Тој исто така сега е предмет на кривична истрага за наводно бунт поради прогласување вонредна состојба и му е забрането да ја напушта земјата.
Слични новости
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Eвропската комисија предупреди на загрижувачката економска состојба во десет земји
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди во средата Европската комисија
Медиумите и телекомуникациите на полската листа стратешки компании
Полска ќе додаде неколку медиумски и телекомуникациски компании на својата листа стратешки компании, што значи дека тие не можат да се продаваат без одобрение од владата