Парламентот на Јужна Кореја предводен од опозицијата во саботата го отповика претседателот Јун Сук Јеол, гласајќи да го суспендира од службените должности поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица.

Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател.

Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година.

Одлуката дојде откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се придружија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, со што го пробија прагот од две третини потребни за импичмент. 204 пратеници го поддржаа отповикувањето, 85 беа против, тројца воздржани, со осум неважечки ливчиња.

Иако е суспендиран, Јун останува на должност. Уставниот суд ќе одлучи дали ќе го смени во следните шест месеци. Ако Јун биде сменет од функцијата, ќе бидат распишани предвремени избори.

globe

Слични новости

Шара повикува на мир, повеќе од илјада убиени во алавитскиот регион во Сирија

Шара повикува на мир, повеќе од илјада убиени во алавитскиот регион во Сирија

Сирискиот исламистички лидер Ахмед Шара повика на смиреност во неделата, откако повеќе од 1.000 луѓе, главно цивили, беа убиени во крајбрежните области во најголемото насилство по соборувањето на претедателот на Башар ал-Асад последните денови, според Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон

Париз, Берлин, Рим и Лондон го поддржуваат арапскиот план за обновување на Газа

Париз, Берлин, Рим и Лондон го поддржуваат арапскиот план за обновување на Газа

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија, Италија и Велика Британија во заедничко соопштение изјавија дека го поддржуваат арапскиот план за обнова на Појасот Газа, кој ќе чини 53 милијарди долари и ќе го избегне иселувањето на Палестинците од енклавата, како што е предложено со планот на американскиот претседател Доналд Трамп

Муслиманските земји го отфрлија повикот на Трамп Палестинците да се раселат од Газа

Муслиманските земји го отфрлија повикот на Трамп Палестинците да се раселат од Газа

Од собирот е испратена поддршка на планот за обнова на Газа што ја предложи Египет, а кој го поддржаа арапските земји, вклучувајќи ги Саудиска Арабија и Јордан, со цел да му се спротивстават на повикот на Трамп.