Парламентот на Јужна Кореја предводен од опозицијата во саботата го отповика претседателот Јун Сук Јеол, гласајќи да го суспендира од службените должности поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица.
Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател.
Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година.
Одлуката дојде откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се придружија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, со што го пробија прагот од две третини потребни за импичмент. 204 пратеници го поддржаа отповикувањето, 85 беа против, тројца воздржани, со осум неважечки ливчиња.
Иако е суспендиран, Јун останува на должност. Уставниот суд ќе одлучи дали ќе го смени во следните шест месеци. Ако Јун биде сменет од функцијата, ќе бидат распишани предвремени избори.
Слични новости
Нетанјаху: Израел останува на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне нов договор
Израел ќе остане на стратешката локација на планината Хермон на сириската граница додека не се постигне поинаков договор, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху
Издаден налог за апсење на поранешниот боливиски претседател Евo Моралес
Обвинителите во Боливија издадоа нагог за апсење против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес кој е обвинет за трговија со луѓе, вклучувајќи и 15 годишно девојче со кое наводно има добиено дете.
Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан
На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.