Парламентот на Јужна Кореја предводен од опозицијата во саботата го отповика претседателот Јун Сук Јеол, гласајќи да го суспендира од службените должности поради неговиот краткотраен обид да воведе воена состојба минатата седмица.
Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател.
Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година.
Одлуката дојде откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се придружија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, со што го пробија прагот од две третини потребни за импичмент. 204 пратеници го поддржаа отповикувањето, 85 беа против, тројца воздржани, со осум неважечки ливчиња.
Иако е суспендиран, Јун останува на должност. Уставниот суд ќе одлучи дали ќе го смени во следните шест месеци. Ако Јун биде сменет од функцијата, ќе бидат распишани предвремени избори.
Слични новости
Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната
Eвропската комисија предупреди на загрижувачката економска состојба во десет земји
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди во средата Европската комисија