Прогласувам вонредна состојбаза да ја заѓтитам Република Кореја од заканите на комунистичките сили на Северна Кореја и за да ги елиминираме од земјата омразените антидржавни сили блиски на Северна Кореја“, соопшти Јун Сук во телевизиско обраќање до нацијата во вторникот вечерта.
Политичката иднина на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол виси на конец, по хаотичната ноќ во која драматично прогласи вонредна состојба, а потоа брзо го повлече, предизвикувајќи притоа големи немири во земјата.
Јун Сук Јеол ненадејно прогласи вонредна состојба во вторникот навечер, но под притисок на парламентот и масовните протести на граѓаните, многу брзо ја повлече одлуката. Тоа беше прва вонредна состојба во Јужна Кореја по повеќе од 50 година, но траеше само неколку часа.
Откако претседателот прогласи вонредна состојба сите 190 пратеници во парламентот на вонредна седница гласаа против одлуката на претседателот, но од војската порачаа дека ќе спроведуваат вонредни мерки се додека самиот претседател не ја повлече својата одлука.

Набргу претседателот ја повлече својата одлука под притисок на парламентот и на граѓаните, ги повлече армиските сили распоредени кај парламентот, а насобраните пред парламентот почнаа да прославуваат.
Популарноста на Јун Сук Јеол кој беше избран за претседател на Јужна Кореја во 2022 за само еден процент повече од неговиот ривал, почна да паѓа, а особено по поразот на неговата партија на парламентарните избори во април, што беше протолкувано и што мислат избирачите за неговиот претседателски мандат.
Јун Сук Јеол е под притисок и поради неговата сопруга, која е обвинета дека прифатила скапоцени подароци, како и дека манипулирала со акции на берзата.
За ова, претседателот јавно и се извини на нацијата во октомври во телевизиско обраќање. Сега се соочува со барање да поднесе оставка, а пратениците во парламентот порачаа дека ќе покренат процедура за негово менување.
Неговата одлука за прогласување вонредна состојба во Јужна Кореја го шокираше целиот свет. Тој во вторникот ненадејно и се обрати на нацијата и рече дека воведува вонредна состојба за да ја заштити земјата од Северна Кореја, но и за да се пресмета со оние во неговата земја кои му помагаат на северниот сосед.
„ Прогласувам вонредна состојбаза да ја заѓтитам Република Кореја од заканите на комунистичките сили на Северна Кореја и за да ги елиминираме од земјата омразените антидржавни сили блиски на Северна Кореја“, соопшти Јун Сук во телевизиско обраќање до нацијата во вторникот вечерта. Меѓутоа, опозицијата и многу граѓани, како и луѓето од партијата на самиот претседател се спротивставија на воведувањето вонредна состојба и не поверуваа во неговото образложение. Опозицијата го обвини за обид да воведе диктатура.
На оваа одлука се спротивстави и претседателот на Партијата на народната моќ од која е и самиот претседател. Тој оцени дека потегот на претседателот е погрешен и дека ќе гласа во парламентот против тој потег.
Веднаш по одлуката на претседателот, пред зградата на парламентот се насобраа илјадници луѓе кои извикуваа„Не на нонредната состојба“ и „Да ја укинеме диктатурата“.

Воведувањето вонредна состојба значи и владеење на воените власти и и коже да ги суспендира граѓанските права. Според јужнокорејскиот закон, владата мора да ја укине вонредната состојба ако мнозинството во парламенот изгласа негово укинување. А тоа се слуќи по само неколку часа откако претседателот ненадејно воведе вонредна состојба.
Би Би Си
Слични новости
Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во средата вечерта разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и други европски челници, со цел да добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев и да разговара за долгорочните безбедносни гаранции
Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“
Зеленски го отфрла планот на Трамп за мир во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Le Parisien зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите во тој контекст на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната