Фудбалерите на Јувентус се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, победувајќи на својот стадион Каљари со убедливи 4:0.

Стрелец на водечкиот гол беше Душан Влаховиќ во 44. минута, додека стрелци во вториот дел беа Теун Купмајнерс во 53, Франциско Консеикао во 80 и Николас Гонзалес во 89 минута.

Ривал на Јувентус во борбата за полуфинале ќе биде Емполи.

Во среда се играат два од преостанатите три натпревара од осминафиналето, а се среќаваат Аталанта – Чезена и Рома – Сампдорија. Последниот четвртфиналист ќе биде познат во четврток, а тоа ќе биде победник од дуелот меѓу Интер и Удинезе.

globe

Слични новости

Нов домашен шок за Барселона

Нов домашен шок за Барселона

Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига