Фудбалерите на Јувентус се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, победувајќи на својот стадион Каљари со убедливи 4:0.

Стрелец на водечкиот гол беше Душан Влаховиќ во 44. минута, додека стрелци во вториот дел беа Теун Купмајнерс во 53, Франциско Консеикао во 80 и Николас Гонзалес во 89 минута.

Ривал на Јувентус во борбата за полуфинале ќе биде Емполи.

Во среда се играат два од преостанатите три натпревара од осминафиналето, а се среќаваат Аталанта – Чезена и Рома – Сампдорија. Последниот четвртфиналист ќе биде познат во четврток, а тоа ќе биде победник од дуелот меѓу Интер и Удинезе.

globe

Слични новости

Лига на шампионите: Барселона победи во Дортмунд, пораз на Сити во Торино

Лига на шампионите: Барселона победи во Дортмунд, пораз на Сити во Торино

Манчестер Сити доживеа нов пораз, фудбалерите на Јувентус со 2:0 го победија во Торино англискиот тим во рамките на шестото коло од Лигата на шампионите, додека Барселона во исклучително возбудлив натпревар со 3:2 победи против Борусија во Дортмунд