Фудбалерите на Јувентус се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, победувајќи на својот стадион Каљари со убедливи 4:0.
Стрелец на водечкиот гол беше Душан Влаховиќ во 44. минута, додека стрелци во вториот дел беа Теун Купмајнерс во 53, Франциско Консеикао во 80 и Николас Гонзалес во 89 минута.
Ривал на Јувентус во борбата за полуфинале ќе биде Емполи.
Во среда се играат два од преостанатите три натпревара од осминафиналето, а се среќаваат Аталанта – Чезена и Рома – Сампдорија. Последниот четвртфиналист ќе биде познат во четврток, а тоа ќе биде победник од дуелот меѓу Интер и Удинезе.
Слични новости
НБА: 20-та победа на Селтикс
Кошаркарите на Бостон Селтикс ги совладаа Детроит Пистонс со 123:99 и ја прославија својата 20-та победа во сезоната во НБА
Лига Европа: Лион подобар од Ајнтрахт, Лацио на врвот
Лион го совлада Ајнтрахт од Франкфурт со 3:2 (1:1) во натпреварот од 6. коло на Лига Европа
Евролига: Паризан ја победи Алба во драматична завршница, Реал ниже порази
Во драматична завршница Пaртизан ја совлада Алба во Берлин, Реал Мадрид го претрпеа третиот пораз во низа, додека Болоња Виртус ја изненади Басконија