Фудбалерите на Јувенстус ја победија Рома во Торино со 2:1 во дербито на 16-тото коло на италијанската Серија А. Ова е втора победа во низа на Јувентус кој се проби на петтото место на табелата со 29 бодови.
Рома досега нема ниту еден нерешен натпревар во првенството и има 10 победи и 6 порази, но она што е карактеристично за тимот на Гасперини е дека Рома е немоќна во дуелите со најсилните тимови во Италија.
Јувентус синоќа одигра најдобро откако на тренерската клупа седна Спалети и победата против Рома можеше да биде и многу поубедлива. Јувентус поведе со 2:0, а Рома во 76-тата мунута од мечот го постигна единствениот гол и конечниот резултат.
Слични новости
Рома ќе ги раскине договорите со Бејли и Цимикас
Рома планира да ги раскине договорите со Леон Бејли и Костас Цимикас во зимскиот преоден рок, пишува италијанскиот весник „Коријере дело спорт“.
Манчестер јунајтед планира да се засили со Рубен Невеш и Конор Галагер во зимскиот преоден рок
Британските медиуми пренесуваат дека Манчестер јунајтед ги следи Рубен Невеш од Ал Хилал и Конор Галагер од Атлетико Мадрид како потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.
Борусија Д подобра од Борусија М
Во првиот натпревар од 15-то коло од германската Бундеслига, фудбалерите на Борусија Дортмунд, на домашен терен го победија истоимениот тим од Менхенгладбах со 2:0


