Италијанскиот медиуми пишуваат дека Јувентус договорил продолжување на соработката со напаѓачот Душан Влаховиќ и тренерот Лучиано Спалети. Се очекува двајцата да потпишат договори до летото 2028.

Влаховиќ се согласил  на намалување на платата и ќе заработува 7 милиони евра годишно, наместо досегашните 10, а Спалети треба да потпише договор на 6 милиони евра за наредната сезона.

Влаховиќ беше во последната година од договорот и постоеше опасност да замине од Јувентус без обештетување.

Според италијанските медиуми Спалети ја одиграл клучната улога за Влаховиќ да остане во Торино.

Слични новости

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Реал Мадрид елиминиран од второлигашот Албасете во Купот на Кралот

Албасете го победи Реал со 3:2, а поразот е тежок удар за новиот тренер Алваро Арбелоа кој во понеделникот го наследи неговиот некогашен соиграч Чаби Алонсо кој доби отказ од управата на Реал Мадрид по неуспехот во суперкупот во Џеда.