Италијанскиот медиуми пишуваат дека Јувентус договорил продолжување на соработката со напаѓачот Душан Влаховиќ и тренерот Лучиано Спалети. Се очекува двајцата да потпишат договори до летото 2028.
Влаховиќ се согласил на намалување на платата и ќе заработува 7 милиони евра годишно, наместо досегашните 10, а Спалети треба да потпише договор на 6 милиони евра за наредната сезона.
Влаховиќ беше во последната година од договорот и постоеше опасност да замине од Јувентус без обештетување.
Според италијанските медиуми Спалети ја одиграл клучната улога за Влаховиќ да остане во Торино.
Слични новости
Упамекано останува во Баерн Минхен до 2030
Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија.
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.


