Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ (25) ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус и би можел да ја продолжи кариерата во Премиер лигата, објавија британските медиуми.

Со доаѓањето на Рандал Коло Муани во Јувентус во зимскиот преоден рок на позајмица до крајот на сезоната, Влаховиќ се најде на резервната клупа и добива минутажа на браздичка иако е најдобар стрелец на Јуве со 14 гола. Со оглед на тоа што тој одби да го продолжи договорот, „Старата дама“ се најде во незавидна позиција, што значи дека летово ќе мора да го продадат бидејќи договорот му истекува во јуни 2026 година, а тогаш може да си замине без обештетување. За Јувентус има уште една отежнувачка околност, договорот му гарантира плата од 19 милиони евра следната сезона.
Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година од Фиорентина за 83 милиони евра. Но, сега за Јувентус секоја понуда вредна околу 30 милиони евра би била како добивка на лотарија. За српскиот центарфор се заинтересирани Манчестер Јунајтед, Арсенал, Астон Вила, Тотенхем, Њукасл, Челзи, Вест Хем, но британските медиуми оценуваат дека „црвените ѓаволи“ ќе бидат најупорниот додворувач ова лето.
Слични новости
Бостон ја забележа деветтата последователна победа
Бостон Селтикс ја продолжи победничката серија на девет натпревари откако синоќа на домашен терен ја совлада Јута Џез со 114:108, а Сем Хаузер постигна девет „тројки“ и постигна рекордни 33 поени за победа на домашната екипа
Лејкерси без Леброн загубија од Бруклин 108:111
Бруклин Нетс утринава славеа против Лејкерс со 111:108 во првиот меч на кој Лејкерс настапија без Леброн Џејмс по неговата повреда на левата препона.
Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите