Лучиано Спалети го продолжи договорот со Јувентус и ќе го предводи клубот од Торино до јуни 2028. Спалети го презеде Јувентус од Игор Тудор за време на оваа сезона, го стабилизираше тимот и управата на Јувентус смета дека тој е човекот кој ќе го врати Јувентус во врвот на италијанскиот фудбал.

Според новиот договор Спалети ќе има плата од 5 милиони евра годишно, со опција во втората година од договорот да зема плата од 6 милиони евра, доколку успее да ги реализира бонусите.

Најплатен тренер во Серија А е Антонио Конте кој во Наполи има плата од 8 милиони евра годишно, а Спалети, Гасперини од Рома и Алегри од Милан имаат плата од 5 милиони евра годишно.

 

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.