Патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија не оди преку ултиматуми и ветувања, потребен е искрен дијалог. Ова го изјавила бугарската претседателка Илијана Јотова коментирајќи го барањето испратено од македонските власти со кое се бара билатерална средба.

Јотова за бугарските медиуми  изјавила и дека е умерен оптимист и дека ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова-Чамова да ѝ го даде на увид барањето за средба во Софија.

 

За овој разговор да биде сериозен, Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во врска со проширувањето на Република Северна Македонија и да заборави дека ова е билатерално прашање, како што тој се обидува да го претстави.

Ние секогаш сме биле отворени за разговори со нив, но разговори без ултиматуми и без отстапки од европската политика. Бугарија е дел од Европската Унија и не можеме да дозволиме земја која тргнала по европскиот пат да не ги прифаќа вредностите и доблестите на Европската Унија, а уште помалку да зборува со тон на ултиматум, но да останеме умерени оптимисти“ порача Јотова.

Минатата недела, за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе иницира билатерална средба со Софија, на совет на фон дер Лајен. 

Слични новости

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Косовскиот премиер, Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска доаѓа во официјална посета на Скопје каде ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

Активни три пожари на отворен простор, а 25 изгаснати во изминатото деноноќие

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи