Илијана Јотова изјави дека Бугарија има загриженост поради информации дека Северна Македонија бара алтернативни начини за отворање на други поглавја од преговорите со ЕУ, наместо да започне со првиот кластер кој се однесува на човековите права.

Според Јотова, првиот кластер е најважен и претставува основа за целиот преговарачки процес. Таа нагласи дека Бугарија нема да се согласи на негово заобиколување или одложување.

„Северна Македонија да не се лаже дека има покус пат, до јуни треба да се реши прашањето ако сè уште сака да биде дел од ЕУ“, рече таа.

На Минхенска безбедносна конференција, Јотова се сретнала со Антонио Кошта, со кого разговарала за проширувањето на ЕУ, состојбите на Западен Балкан и бугарската позиција кон Северна Македонија.

Таа повтори дека без измени во Уставот на РСМ и впишување на Бугарите како дел од народите во државата, нема да има напредок во евроинтегративниот процес. Според неа, овие услови се во согласност со европските критериуми.

Јотова истакна дека до јуни, со напори на Бугарија и европските партнери, треба да се најде решение доколку Северна Македонија сè уште сака да продолжи по патот кон членство во ЕУ.

 

Слични новости

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Паметен „зелен бран“за помал метеж во Скопје

Новиот систем ќе воведе таканаречен „паметен зелен бран“, кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали метежите и ќе овозможи побезбедно и поефикасно движење низ градот, особено во централното подрачје.