Фаворитката за претседател на Бугарија Илијана Јотова и кандидат за потпретседател Кирил Валчев освоија 34,69 насто од гласовите на вчерашниот прв круг од претседателските избори во Бугарија, соопшти утрово државната изборна комисија на Бугарија по преброени 99 насто од гласовите.

Во вториот круг од изборите влегуваат и Андреј Ѓуров како кандидат за претседател и Георги Кандев за потпретседател со 31,98 насто од гласовите.

На трето место е двојката Костадин Костадинов и Петар Волгин со освоени 12,5 насто од гласовите.

Графата не поддржувам никого ја заокружија 4,41 насто од оние што излегоа да гласаат.

Слични новости

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот шеф на Гугл побара да се исклучи вештачката интелигенција

Поранешниот извршен директор на Гугл Ерик Шмит предупреди дека системите на вештачката интелигенција во наредните пет години би можеле да станат толку напредни што луѓето веќе нема да може да разберат што прават.