Јорданската принцеза Иман и нејзиниот сопруг го дочекаа своето прво дете и девојченцето го доби името Амина, објави кралската палата на социјалната платформа Х во неделата.

Родителите на Иман, кралицата Ранија и кралот Абдула Втори ѝ честитаа на двојката.

„Нашата радост поради доаѓањето на драгата Амина е голема како и светот. Честитки за Џамил и Иман“, напиша кралицата Ранија на арапски на Instagram.

„Честитки до мојaтa драгa Иман и драгиот Џамил за нивната новородена ќерка Амина“, напиша јорданскиот крал, објавувајќи фотографија на која го држи бебето во раце.

Принцезата Иман се омажи за венецуелскиот инвеститор Џамил Термиотис во март 2023 година.

globe

Слични новости

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, кој утре треба да одржи концерт во арената „Борис Трајковски“, вчера пристигна во Скопје. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба