
Јорданската принцеза Иман и нејзиниот сопруг го дочекаа своето прво дете и девојченцето го доби името Амина, објави кралската палата на социјалната платформа Х во неделата.
Родителите на Иман, кралицата Ранија и кралот Абдула Втори ѝ честитаа на двојката.
„Нашата радост поради доаѓањето на драгата Амина е голема како и светот. Честитки за Џамил и Иман“, напиша кралицата Ранија на арапски на Instagram.
„Честитки до мојaтa драгa Иман и драгиот Џамил за нивната новородена ќерка Амина“, напиша јорданскиот крал, објавувајќи фотографија на која го држи бебето во раце.
Принцезата Иман се омажи за венецуелскиот инвеститор Џамил Термиотис во март 2023 година.
Слични новости
Во САД стрелан првиот осуден на смрт по 15 години
Бред Сигмон кој беше осуден на смрт во американската сојузна држава јужна Каролина, стана првиот човек што е погубен во Америка со стрелање во последните 15 години.
Следната недела премиерата на „Црната торба“ шпионски трилер на Стивен Содерберг
Шпионскиот трилер „Црната торба“ на Стинен Содерберг во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Фасбиндер и Кејт Балншет ќе ја има светската премиера на 14 март.
Парамаунт сака да сними биопик за Евил Каневил со Леонадро ДиКаприо и Едријан Броди
Студиото Парамаунт се обидува да обезбеди врвен каст со оскаровците Леонардо ДиКаприо и Едријан Броди за биопикот што сака да го снима за моторџијата Евил Каневил