Денвер Нагетс ја прекинаа серијата од осум победи во низа на Детроит Пистонс со убедлив триумф на гостински терен од 134:119. Најдобар поединец на натпреварот беше МВП-то на НБА Никола Јокиќ кој постигна 23 коша, 17 скокови и 15 асистенции. Ова беше 27 трипл-дабл учинок на Јокиќ во сезонава, а српскиот центар е повторно фавоит за освојување на МВП титулата во регуларниот дел од сезоната.

Најефикасен во тимот на Денвер беше Џамал Мари со 31 кош, Мајкл Портер Џуниор постигна 28, а Кристијан Браун 23.

Клучна за победата на Денвер кои играа без надобриот дефанзивец на тимот Арон Гордон беше одбраната врз ѕвездата на Детроит Кејд Канингам кој постигна само 11 коша, со шут од игра од само 25 насто. Денвер беа фантастични во нападот и имаа шут од игра 56,5 насто.

Слични новости

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите