Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од водечките Кливленд Кавалирс со 126:114, а српскиот центар Никола Јокиќ постигна нов трипл-дабл на натпреварот со што го претекна Меџик Џонсон и сега е трет на вечната листа на НБА.

Јокиќ го заврши натпреварот со 27 коша, 20 скокови и 11 асистенции. Во тимот на Денвер Мајкл Портер Џуниор постигна 24 поени со 7 скокови, Џамал Мари постигна 19 коша, а Арон Гордон 18.

Во екипата на Кливленд најефикасен беше Донован Мичел со 28 коша, Дариус Гарланд постигна 24, а Карис Лаверт 21.

Клучната разлика на натпреварот беше шутот за три поени. Денвер постигна само 6 тројки од 24 обиди со процент на шут од 25 насто, додека Кливленд постигна дури 22 тројки од 48 обиди со висок процент од 45,8 насто.

Слични новости

Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес

Евролига: Убедливи победи на Олимпијакос и Ефес

Во последниот натпревар од колото, кошаркарите на Олимпијакос ја прекинаа серијата од два евролигашки пораза во низа и со далеку подобра игра во вториот дел го скршија отпорот на Виртус од Болоња, славејќи со резултат 87:77 во салата „Мир и пријателство“ во Пиреја