Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска го победија Торонто Рапторс со 128:102 и со тоа ја остварија четвртата победа од новата сезона на НБА лигата. Денвер го предводеше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој постигна 32 коша, 11 асистенции, и 10 скокови.
Јокиќ играше само три четвртини од натпреварот додека Денвер се одлепи на безбедна разлика, а за помалку од 30 минути на теренот го оствари третиот трипл-дабл сезонава и 201-от во кариерата.
Кај Денвед со двоцифрен учинок беа уште шестминакошаркаримеѓу кои Брајс Хопкинс со 18, Арон Гордон со 17 и Џамал Мари со 14 коша.
Кај Торонто наефикасен беше Ар Џеј Барет со 22 коша, а Скоти Барнс постигна 17.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
