Кошаркарите на Денвер Нагетс денеска го победија Торонто Рапторс со 128:102 и со тоа ја остварија четвртата победа од новата сезона на НБА лигата. Денвер го предводеше српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој постигна 32 коша, 11 асистенции, и 10 скокови.

Јокиќ играше само три четвртини од натпреварот додека Денвер се одлепи на безбедна разлика, а за помалку од 30 минути на теренот го оствари третиот трипл-дабл сезонава и 201-от во кариерата.

Кај Денвед со двоцифрен учинок беа уште шестминакошаркаримеѓу кои Брајс Хопкинс со 18, Арон Гордон со 17 и Џамал Мари со 14 коша.

Кај Торонто наефикасен беше Ар Џеј Барет со 22 коша, а Скоти Барнс постигна 17.

Слични новости

Напуштањето на Евролигата во кошарка ќе чини 80 милиони евра за секој клуб

Напуштањето на Евролигата во кошарка ќе чини 80 милиони евра за секој клуб

Евролигата е и натаму подготвена да разговара со НБА за можен договор за европскиот пазар, но нејзиниот извршен директор Чус Буено предупреди дека започнувањето на конкурентско натпреварување може да доведе до дополнителни поделби на европската кошарка.