НБА лигата објави дека за минатата недела најдобри играчи се прогласени Никола Јокиќ од Денвер Нагетс на западот и Џејлен Џонсон од Атланта Хоукс на истокот.

Денвер е во серија од 7 победи во низа, а минатата недела Никола Јокиќ имаше фантастичен просек од 39 коша, 13 скока и 8 асистенции по натпревар.

Џејлен Џонсон имаше просек од 24 поени, 12 скока и 9 асистенции, а Атланта влезе во серија од 4 победи во низа.

Годинава во трката за МВП освен Јокиќ и минатогодишниот освојувач Шеи Гилџес Александар ќе биде и словенечката суперѕвезда на Лејкерс Лука Дончиќ кој засега е најдобар стрелец на лигата со 34,4 коша по натпревар, 9 скокови и 9 асистенции.

 

Слични новости

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турција: 29 играчи уапсени за обложување

Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул