Древниот јапонски процес на подготовка на пијалакот саке беше признат од УНЕСКО во средата како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе го зајакне глобалниот интерес за традиционалното оризово вино, чијашто популарноста опадна и дома.
Секако, јапонските претставници на состанокот на УНЕСКО во Парагвај ја одбележаа приликата со дегустација на саке.
Пијалокот се прави неколку недели со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла позната како „коџи“, во процес кој повеќе наликува на производство на пиво отколку на вино. Пијалокот може да се сервира топол, ладен или на собна температура.
Иако сакето игра важна улога во јапонското општество и традиција и често се служи за време на церемонии и специјални оброци, домашната побарувачка за пијалокот опадна додека меѓународната побарувачка расте.
Производителите на Саке се надеваат дека признавањето на УНЕСКО ќе го зголеми неговиот извоз и ќе го заживее интересот дома.
„Ние сме многу среќни. Меѓународното признание ќе го обнови јапонскиот интерес за оваа област и тоа би можело да поттикне поголем импулс за пренесување на овие вештини и знаења на следната генерација“, рече постојаниот претставник на Јапонија во УНЕСКО, Такехиро Кано.
УНЕСКО, образовната, научната и културната агенција на Обединетите нации, вклучува практики, уметнички дела или вештини на својата листа на нематеријално културно наследство за да го поттикне нивното зачувување за идните генерации.
Претставниците на УНЕСКО, исто така, во средата меѓу другите ставки и практики прифатени за листата, ја одобрија културата на астуриската јаболковина во Шпанија и изработката на џиновски буриња во Гватемала.
Слични новости
Мис Франција 2025: Избрана најстарата кандидатка во историјата на конкурсот
Под притисок на критичарите, организаторите ги укинаа сите старосни ограничувања, претходно поставени на 24 години и отворија апликации за мажени жени и мајки
Во Швајцарија е отворена најстрмната жичарница на светот
Најстрмната жичарница на светот, која ги поврзува селата Стехелберг и Мирен во швајцарската област Бернезе Оберланд, почна да прима патници во саботата
Тејлор Свифт се искачи на врвот на светот. Што понатаму?
Тејлор Свифт собори рекорди, влезе во историјата и буквално предизвика земјотрес со својата двегодишна турнеја вредна две милијарди долари. Што друго можеше да направи најголемата ѕвезда на светот после тоа?