Филмската индустрија за анимирани филмови во Јапонија порасна за 15 проценти и достигна рекордни 25 милијарди долари заработка во 2024. Порастот главно се должи на меѓународниот успех на јапонскиот анимиран филм, кој стана многу популарен низ светот.

Во 2024 продажбата на јапонски анимирани филмови и серии на интернационалниот пазар достигна 14, 25 милијарди долари, наспроти 10 милијарди долари на домашниот пазар, а очекувањата се дека јазот во полза на интернационалниот успех само ќе се продлабочува.

Во големиот успех на јапонскиот анимиран филм не влегува историскиот резултат на анимираниот филм „Дејмон Слејер“ кој есеноска заработи 670 милиони долари на Бокс Офисот и стана најсупешен јапонски анимиран филм.  

Слични новости

Почина  американски архитект Френк Гери

Почина американски архитект Френк Гери

Американскиот архитект Френк Гери, кој стана суперѕвезда во светот на архитектурата со своите смели и необични креации со накривени кули и големи плочи од истегнат метал почина во петок на 97-годишна возраст

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа

Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година