Економијата на Јапонија во третиот квартал од годинава го забележа првиот пад, откако растот на трошоците за живот и поскапиот увоз на енергенти влијаеа врз намалување на потрошувачката на домаќинствата и слабеење на надворешната трговија, покажуваат денеска објавените податоци на јапонската влада.
Реалниот БДП на Јапонија е намален за 0,1 насто на годишно ниво во преиодот од јули до септември, во споредба со минатиот квартал, додека економистите очекуваа раст од 0,2 насто, пренесува Блумберг.
Потрошувачката на домаќинствата која претставува најголема компонента на растот на БДП-то падна за 0,3 насто.
Скапиот увоз на нафтата и слабиот јен дополнително ја оптоварија економијата, а нето извозот е намален за 0,6 насто.
Слични новости
Венецуела ја испраќа нафтената опрема во САД на ремонт и унапредување
Венецуела за прв пат по повеќе од десет години испрати опрема од државната нафтена компанија во САД на ремонт, по долги години санкции и слаби вложувања во нафтената индустрија
Њујорк тајмс: Џејсон Хуанг имал врска и со една од потпретседателките на Енвидија
Извршниот директор на компанијата Енвидија Џејсон Хуанг имал вонбрачна врска со потпретседателката на компанијата КИмберли Пауел, која работила директно под негов надзор, објави весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на изјави на петмина вработени во Енвидија.
Европските берзи во благ пораст, нафтата Брент 92 долари за барел
Цената на референтната нафта Брент поскапе за 0,49 на 92 долари за барел, додека американската лесна нафта ВТИ порасна за 0,20 насто на 86,25 долари.


