Проблеми со работата во опремата погодија 128 јапонски кредитни институции познати како шинкин банки, поради што клиентите не можат да ги вршат трансакциите на шалтерите и банкоматите.
Прекинот на работата ги зафати и институциите во западна Јапонија, а причина е хаварија на опремата, додека деталите за инцидентот сеуште се истражуваат, пренесе Блумберг.
Преставник ма шинкин банките соопшти дека прекинот на работата не е поврзан со сајбер напади и неовластени пристапи до системите,
Слични новости
Забрзува германската економија, најбрз раст на приватниот сектор од минатиот октомври
Активноста на приватниот сектор во Германија го забрза растот во септември со опоравување на услужниот сектор и продолжување на солидниот раст на производството во индустријата, покажаа резултатите на агенцијата С&П Глобал.
Нафтата Брент и натаму над 100 долари за барел, пораснаа и цените на гасот во Европа
Цената на нафтата Брент денеска поскапе, откако минатите денови забележа пад и се врати на околу 102 долари за барел. Фјучерсите на северноморската нафта Брент за ноември пораснаа за 1,36 насто на 101,7 долари за барел, додека американската нафта ВТИ месечно поскапе за 1,71 насто на 97,42 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Поради прекумерен дефицит Италија останува под мерките на ЕУ
Италија нема да може да излезе од процедурите на Европската унија поради прекумерниот буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат денеска потврди дека дефицитот на Италија во 2025 година изнесуваше 3,1 насто од БДП-то, односно дека е над дозволената граница од 3 насто на ЕУ.


