Милвоки Бакс синоќа го победија водечкиот тим на Истокот Детроит Пистонс со 113:109 и тоа без Јанис Адетокумбо кој се повреди на почетокот на натпреварот.
Грчкиот крилен центар на теренот мина само три минути по што го истегна мускулот на десната потколеница и беше упатен во болница на снимање. Тренерот на Милвоки Док Риверс изјави дека магнетната резонанца потврдила дека е исклучена повреда на ахиловата тетива.
За Адетокумбо сеуште се актуелни вести за можен трејд од Милвоки, но тренерот на клубот Док Риверс категорично демантираше дека се водат такви разговори. „Јанис никогаш не побарал трејд, не можам тоа појасно да го нагласам“ истакна Риверс.
Слични новости
Ливерпул посрамен на „Енфилд“, Арсенал го доби дербито со Баерн
Кризата на играчите на Ливерпул се продлабочи во средата вечерта, во петтото коло од Лигата на шампионите, холандскиот ПСВ Ајндховен победи со 4:1 на „Енфилд“
Евролига: Монако го победи Ефес со 36 коша разлика
Кошаркарите на Монако остварија исклучително убедлива домашна победа во 13-то коло од Евролигата, победувајќи го турскиот Анадолу Ефес со дури 102:66
Жељко Обрадовиќ ја напушти клупата на Партизан
Исклучително успешниот кошаркарски стручњак Жељко Обрадовиќ во средата поднесе неотповиклива оставка од функцијата тренер на белградски Партизан


