Грчката кошаркарска суперѕвезда Јанис Адетокумбо ќе ги напушти Милвоки Бакс до 5-ти февруари, објави американската телевизија ЕСПН.

Адетокумбо има голем број на понуди, а од Милвоки изразиле спремност да го трејдуваат до 5-ти февруари, кога истекува рокот на трејд во НБА лигата. Милвоки во наредните денови ќе донесе конечна одлука во кој клуб ќе го трејдува Адетокумбо.

Грчкиот кошаркар е двоен освојувач на титулата МВП во НБА лигата, а досега целата кариера ја мина во Милвоки. Со Милвоки Бакс во 2021 ја освои и титулата шампион на НБА лигата. Десет пати е биран во Ол стар тимот на Истокот.

Слични новости

Тажен крај на кариерата на Пол Погба

Тажен крај на кариерата на Пол Погба

Газета дело спорт пишува дека Монако планира да ја раскине соработката со Погба, кој е далеку од потребното ниво. Од враќањето во Монако забележа само три настапи и мина на теренот само 30 минути.