Грчката кошаркарска суперѕвезда Јанис Адетокумбо ќе ги напушти Милвоки Бакс до 5-ти февруари, објави американската телевизија ЕСПН.
Адетокумбо има голем број на понуди, а од Милвоки изразиле спремност да го трејдуваат до 5-ти февруари, кога истекува рокот на трејд во НБА лигата. Милвоки во наредните денови ќе донесе конечна одлука во кој клуб ќе го трејдува Адетокумбо.
Грчкиот кошаркар е двоен освојувач на титулата МВП во НБА лигата, а досега целата кариера ја мина во Милвоки. Со Милвоки Бакс во 2021 ја освои и титулата шампион на НБА лигата. Десет пати е биран во Ол стар тимот на Истокот.
Слични новости
Никола Јокиќ се врати на теренот по долгата повреда и постави нов НБА рекорд
Ова е прв пат во историјата на НБА еден ихграч да има 25 + поени, 10+ скокови и 5+ асистенции, за помалку од 25 минути игра.
Денеска полуфиналните натпревари во Европското пренство во ракомет
Во првото полуфинале играат Хрватска и Германија., а во второто Светскиот шампион Данска против Исланд.
Доминација на англиските клубови во Лигата на шампионите
По завршувањето на првата фаза од Лигата на шамионите, „боде очи“ фактот дека меѓу првите 8 клубови кои обезбедија директен пласман во осминафиналето, дури 5 се од Премиер лигата.
