Италијанскиот тенисер Јаник Синер кој во неделата вечер победи на завршниот мастерс во Торино ја зголеми својата предност на АТП листата и сега има 11.830, 3.915 повеќе од второпласираниот Александар Зверев од Германија.
Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз, додека финалистот на завршниот мастерс во Торино Тејлор Фриц го презеде четвртото место од Русинот Данил Медведев што е негов најдобар пласман во кариерата.
За една позиција напредуваше и Норвежанецот Каспер Руд кој се искачи на седмата позиција, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој не играше на мастерсот во Торино падна на седмата позиција. Во првите 10 се уште Андреј Рубљов од Русија на 8-то, Алекс де Минор од Австралија на 9-тото и Григор Димитров од Бугарија на 10-тата позиција.
Слични новости
Болни порази на Ѕвезда и Милано во Евролигата
Црвена ѕвезда пропушти голема шанса да се зацврсти на патот кон пласман во плејофот особено што го играше дуелот во салата каде често тренира
Киз ја изненади Швјонтек за финале на Австралија опен
Американската тенисерка Медисон Киз ја изненади втората носителка Ига Швјонтек од Полска со 5:7, 6:1, 7:6(8) и стигна до своето прво финале на Австралија опен во Мелбурн
Сабаленка третпат со ред во финалелето на Австралија опен
Белорусинката ќе се обиде да стане првата тенисерка која освоила три титули на Австралија опен по ред по Мартина Хингис (1997-99) во финалето во сабота