Италијанскиот тенисер Јаник Синер кој во неделата вечер победи на завршниот мастерс во Торино ја зголеми својата предност на АТП листата и сега има 11.830, 3.915 повеќе од второпласираниот Александар Зверев од Германија.

Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз, додека финалистот на завршниот мастерс во Торино Тејлор Фриц го презеде четвртото место од Русинот Данил Медведев што е негов најдобар пласман во кариерата.

За една позиција напредуваше и Норвежанецот Каспер Руд кој се искачи на седмата позиција, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој не играше на мастерсот во Торино падна на седмата позиција. Во првите 10 се уште Андреј Рубљов од Русија на 8-то, Алекс де Минор од Австралија на 9-тото и Григор Димитров од Бугарија на 10-тата позиција.

Слични новости

Почина легендата на југословенската кошарка Дражен Далипагиќ

Почина легендата на југословенската кошарка Дражен Далипагиќ

Легендарното југословенско кошракарско крило Дражен Далипагиќ денеска починаво Белград на 75 годишна возраст по долга и тешка болест, соопшти кошаркарскиот клуб Партизан во кој Далипагиќ е најдобар стрелец во историјата.