Италијанскиот тенисер Јаник Синер кој во неделата вечер победи на завршниот мастерс во Торино ја зголеми својата предност на АТП листата и сега има 11.830, 3.915 повеќе од второпласираниот Александар Зверев од Германија.
Третото место го задржа Шпанецот Карлос Алкараз, додека финалистот на завршниот мастерс во Торино Тејлор Фриц го презеде четвртото место од Русинот Данил Медведев што е негов најдобар пласман во кариерата.
За една позиција напредуваше и Норвежанецот Каспер Руд кој се искачи на седмата позиција, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој не играше на мастерсот во Торино падна на седмата позиција. Во првите 10 се уште Андреј Рубљов од Русија на 8-то, Алекс де Минор од Австралија на 9-тото и Григор Димитров од Бугарија на 10-тата позиција.
Слични новости
Манчестер Јунајтед славеше против Фулам
Во последниот натпревар од 23. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Јунајтед го совлада Фулам на гостински терен со 1:0
Наоми Гирма официјално e најскапата фудбалерка
Американската фудбалерка, 24-годишната Наоми Горма мина од Сан Диего Вејв во лондонски Челзи, соопшти англискиот клуб
Австралија опен: Синер ја одбрани титулата
Моментално светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен победувајќи го Германецот Александер Зверев