Македонија има свои државни симболи – химна, грб и знаме и секој граѓанин треба да ги знае и почитува. Како што и доликува! Чест ми е што како министерство предложивме законски решенија кои овозможуваат опција за време на патронат, државен празник, на почеток и на крај на учебната година, во училиштата да се интонира македонската химна со согласност од општините,  порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Таа на својот Фејсбук профил напиша дека во секоја земја, химната се пее гордо и со рака на срце и додаде оти тоа нешто значи.

„Освен запознавање на младите со овој државен симбол, се придонесува за развивање на љубовта и за јакнење на почитта на најмладите граѓани кон сопствената земја. Утре, тие ќе ја водат државата. А кон каква иднина би ја воделе, доколку не ја сакаат и почитуваат? Очекувам мнозинството пратеници во македонското Собрание да ги поддржат законите. Сметам дека сепак, сите треба да придонесеме за младите да се едуцираат во духот на овие вредности“, објави Јаневска. 

Оние политичари кои патем, како и сите ние, живеат тука, се образувале тука, се лекуваат, работат и земаат плата од македонски институции, а се противат на интонирањето на химната под изговор дека ќе се нарушела меѓуетничката рамноправност, јасно е зошто го прават тоа. Тие всушност, ја сакаат државата само кога се на власт. Во опозиција не ја сакаат, тогаш Македонија маќеа им е…Особено заради тоа што дел од нив треба да одговараат за грабање на државни ресурси. Па добро, каде и какви сте вие државници?, напиша министерката Јаневска.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

МВР распиша потерница за Груби и Бајрами

Министерството за внатрешни работи денеска распиша потерница по Артан Груби и по Перпарим Бајрами, двајцата осомничени во случајот со проневера на милиони народни евра во државна лотарија.

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

Денеска во Брисел самит ЕУ-Западен Балкан

На крајот од самитот е предвидена заедничка декларација во која ќе се потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата на членството на западен Балкан во ЕУ.