„Не го разбирам револтот, очекував предлози, очекував наставни планови и наставни програми. Никаде не брзаме, ништо не е дефинитивно одлучено, имаме една година време за да ја донесеме концепцијата“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за предложената концепција за реформи на гимназиското образование.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа повтори дека се работи за нацрт-верзија, дека забелешките се внесуваат и расправата ќе продолжи, повикувајќи прашањето за концепцијата јавноста да го затвори.

Како што рече, МОН има и премногу други запоставени работи покрај оваа концепција. -Уште еднаш повторувам дека тоа е драфт-верзија, ставена во првиот момент на електронска јавна расправа.

„Добивме многу забелешки, сите ги внесуваме. Првично, од тоа што е побарано, гледаме дека ако ги исполниме сите барања, децата ќе имаат предмети за да останат на училиште по 10-11 часа. Оттука, јас ги повикувам сите кои сакаат да се вклучат во креирање на нова концепција да се вклучат. Никаде не брзаме. Имаме една година време за да ја донесеме концепцијата“, истакна Јаневска на прес-конференција во МОН.

Ги повика партиите да се вклучат во креирање на концепцијата, но дека и без нивно учество таа ќе биде донесена затоа што, како што нагласи, мора да има промени за квалитетно образование.

„СДСМ и сите други партии уште еднаш ги повикувам да се вклучат во креирање на концепцијата, наставните планови, затоа што наставните програми секако ќе бидат модернизирани и, сакале тие да се вклучат или не сакале да се вклучат, подобро образование во Македонија ќе има, затоа што нашите деца тоа го заслужуваат. Прашањето на концепцијата овде го затворам, продолжува јавната расправа. Ние, како МОН, ќе се придвижиме, ќе ги посетиме, ќе ги слушнеме, ќе поразговараме со нив, но не е нешто што е дефинитивно одлучено. Јас тоа постојано го повторувам. Веројатно подучени од претходните власти, каде со декрети им се носеа одлуки, луѓето се веројатно исплашени. Но затоа тие сега веќе не се на власт. Сега има нова Влада која сака во дијалог и транспарентно да го сработи тоа што треба да се сработи“, рече министерката.

Оттука, додаде таа, „со оглед дека ова Министерство има премногу и премногу обврски и запоставени нешта кои треба да се затворат, сметам дека јавноста треба да го затвори прашањето на концепцијата“.

„Ние и понатаму ќе дискутираме за концепцијата и конечно ќе ја донесеме. Подобро образование во оваа земја мора да има, без оглед кој ќе се вклучи и нема да се вклучи. Не го разбирам револтот, очекував предлози, очекував наставни планови и наставни програми. Но, разбирам, минатото нѐ следи сите нас. Продолжуваме цела година да дискутираме за концепцијата“, истакна Јаневска.

globe

Слични новости

Таравари: Oдносот со премиерот е сосема коректен

Таравари: Oдносот со премиерот е сосема коректен

Министерот за здравство и еден од лидерите во коалицијата ВЛЕН Арбен таравари синоќа во интервју за „360 степени“ на МРТ искажа јавна критика за функционирањето на партиите на Албанците во Владата

Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор

Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42. собраниска седница.

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило „бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.