Со повисоки плати за академскиот кадар и поголем буџет за УКИМ ја одбележуваме петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ , организирана по повод јубилејот.

„Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, посочи Јаневска.

Годинава буџетот на УКИМ е зголемен за 1,5 милијарда денари. Од ланските 2,2 милијарди денари, оваа година достигна 3,7 милијарди денари.

„Сѐ ова покажува дека Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование. Затоа ги зголемивме вложувањата, но секогаш јасно кажувам дека и нашите очекувања од академската фела се големи“, укажа Јаневска.

Тоа значи универзитетските професори да им бидат вистински ментори на студентите, да им помогнат да стекнат што поквалитетни знаења и вештини а паралелно и континуирано да работат на својата научна надоградба и да објавуваат трудови. Јаневска нагласи дека овие критериумите за добивање и задржување на професорската титула на светски признатите универзитети мора да важат и кај нас, ако сакаме и нашите универзитети да се видливи на листите на најдобрите. Тоа, како што кажа, не е само работа на престиж, туку ќе им овозможи на нашите студенти да добијат најдобра подготовка за предизвиците што ги носи утрешнината.

Министерката Јаневска побара заеднички ангажман на сите релевантни чинители за да изградиме високообразовен систем со модерни студиски програми, за да ја интегрираме науката и истражувањата во наставните програми и да ја зајакнеме соработката со академската заедница во земјата и надвор.

globe

Слични новости

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Притвор за Капушевски и уште две лица, а за Јаховски куќен притвор

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки притвор и мерки за обезбедување присуство против 13 лица, поврзани со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, а кои дел беа спроведени во судот во вторникот попладнето донел решенија