Јавното обвинителство постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, изјави јавниот обвинител Ненад Савески, но нагласи дека не може да открива дали во случајот со Алта банка е отворена предистражна постапка, бидејќи, како што рече, тоа е тајна согласно закон.
Одговарајќи на прашања на пратениците на надзорната расправа во Собранието посветена на Алта банка, Савески рече дека без оглед кој повикува на постапување, Обвинителството има обврска да реагира секогаш кога ќе утврди елементи на кривично дело.
На прашање на пратеникот Бране Петрушевски поврзано со јавните настапи на претставници на СДСМ и евентуалната кривична одговорност за ширење информации што можат да влијаат врз стабилноста на банкарскиот сектор, Савески оцени дека лажните вести претставуваат сериозен општествен проблем, но нагласи дека во моментов во Кривичниот законик не постои посебна кривично-правна заштита за такви случаи.
Слични новости
Мицкоски: „Алта банка“ Србија ја купи Стопанска банка Битола од приватни акционери, не од државата
Комисијата за финансирање и буџет ја почна надзорната расправа за Алта банка, на која треба да се разгледаат околностите што довеле до воведување администрација во банката, а како прв сведок пред комисијата зборуваше премиерот Мицкоски.
НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката.
СДСМ бара обвинителството да го истражи случајот со влезот на Алта банка во македонскиот финансиски систем
Опозициската партија бара обвинителството да го истражи случајот и порачува дека одговорност мора да има за сите инволвирани, вклучително и за оние кои евентуално би се обиделе да го прикријат случајот.

