Јавното обвинителство постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, изјави јавниот обвинител Ненад Савески, но нагласи дека не може да открива дали во случајот со Алта банка е отворена предистражна постапка, бидејќи, како што рече, тоа е тајна согласно закон.

Одговарајќи на прашања на пратениците на надзорната расправа во Собранието посветена на Алта банка, Савески рече дека без оглед кој повикува на постапување, Обвинителството има обврска да реагира секогаш кога ќе утврди елементи на кривично дело.

На прашање на пратеникот Бране Петрушевски поврзано со јавните настапи на претставници на СДСМ и евентуалната кривична одговорност за ширење информации што можат да влијаат врз стабилноста на банкарскиот сектор, Савески оцени дека лажните вести претставуваат сериозен општествен проблем, но нагласи дека во моментов во Кривичниот законик не постои посебна кривично-правна заштита за такви случаи.

 

Слични новости

Македонија одбележува 35 години независност

На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава