Јавното обвинителство постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, изјави јавниот обвинител Ненад Савески, но нагласи дека не може да открива дали во случајот со Алта банка е отворена предистражна постапка, бидејќи, како што рече, тоа е тајна согласно закон.
Одговарајќи на прашања на пратениците на надзорната расправа во Собранието посветена на Алта банка, Савески рече дека без оглед кој повикува на постапување, Обвинителството има обврска да реагира секогаш кога ќе утврди елементи на кривично дело.
На прашање на пратеникот Бране Петрушевски поврзано со јавните настапи на претставници на СДСМ и евентуалната кривична одговорност за ширење информации што можат да влијаат врз стабилноста на банкарскиот сектор, Савески оцени дека лажните вести претставуваат сериозен општествен проблем, но нагласи дека во моментов во Кривичниот законик не постои посебна кривично-правна заштита за такви случаи.
Слични новости
Во парламентот продолжува расправата за буџетот за 2027
Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, а за плати речиси 57,2 милијарди денари.
„Алта Банка“ Битола оди на продажба-првата аукција на 30 ти ноември
Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај.
Парното поскапува од Нова година
Премиерот оцени дека бараното поскапување е „многу големо“, но дека Владата ќе се бори тоа да не биде алармантно. РКЕ треба да ги провери трошоците и да одлучи колку од нив се оправдани.


