Јапонскиот актер Такехиро Хира ја освои наградата Треилблејзер на Холивуд Рипортер, која му беше доделена на гала настанот во Ропнџи Хилс клаб во Токио.
Настанот кој е посветен на американскиот филм, се одржа за време на Токисиот интернационален фестивал вечерта, кога во Токио допатува американскиот претседател Доналд Трамп.
Ѕвездата на Шогун е втор јапонски уметник кој ја освојува Треилблејзер наградата која се доделува за нагласување на стории и карактери кои традиционално се маргинализирани во Холивуд.
Такехиро Хира е роден во Јапонија, но израсна и кариерата ја изгради во САД, каде што актер беше и неговиот татко Микиџиро Хира.
Слични новости
Дете изгоре автомобил со жижица
Петгодишно момченце, на кое мајка му дала жижица, запалило автомобил и предизвикало штета од 30.000 евра, соопшти во неделата полицијата во западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија
Бен Стилер му возврати на Тарантино
Актерот Бен Стилер застана во одбрана на колегата Пол Дан откако култниот режисер Квентин Тарантино го нарече „проклето најлошиот актер во Холивуд” во шокантната изјава
Шпанска Сарагоса најпристапен град за лицата со попреченост
Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија


