По улогите во сериите „Homeland“ и „Just Like That“ Ден Стивенс игра и во новата хит серија на Нетфликс „Zero Day“, политички трилер во кој главната улога ја толкува Роберт ДеНиро. Стивенс во серијата го игра популарниот Јутјубер Еван Грин, лик што потсетува на десничарскиот новинар Такер Карлсон со неверојатна убедливост.

Стивенс во подготовка на улогата минал неколку месеци во тролање по социјалните медиуми и проучување на подкастите за да навлезе во улогата на новинар конспиратор во време кога медиумите се фрагментирани и се помалку им се верува.
Тој вели дека не треба претерано да се задлабочувате во оваа проблематика за да видите дека слободното новинарство е речиси мртво исто како и демократијата.
Стивенс вели дека серијата која е снимена пред повеќе од една година во која доминираат поделеност на Америка, теории на конспирација и тенолошки милијардери со премногу моќ, изгледа сосема реално во денешно време.
Слични новости
Џон Гудман се повреди на снимањето на филмот на Александро Инариту
Филмот што Инариту го снима за студијата Ворнер Брос и Леџендари е првиот што Инариту го снима на англиски јазик по Оскаровецот „Ревенант“. Главната улога во филмот ја толкува Том Круз.
Стивен Најт креаторот на Пики Блајндерс сака филмот да има премиера во кино салите
На кастот што го предводат Килијан Марфи и Стивен Грахам, во филмот му се приклучија Тим Рот, Ребека Фергусон и Бари Кеоган.
Џин Хекман починал една недела по неговата сопруга, а обајцата починале од природна смрт утврди истрагата
Легендарниот холивудски глумец Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава починале од природни причини во рок од една недела, покажа истрагата на медицинските власти на Ново Мексико.