Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на скопската општина Кисела Вода Орце, Ѓорѓиевски нема прецизна информација дали Владата планира да му ги одземе ингеренциите на Град Скопје за јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.

„Знам дека претседателот на Владата го изјави тоа. Знам дека размислуваат сериозно на таа тема затоа што ги засега сите скопјани и тоа не е единственото прашање кое во моментов предизвикува голгота за скопјани. Имаме проблем со Комуналната хигиена, со нефункционалноста на Паркови и зеленило и, за жал, првпат во историјата со нефункционалноста на Водовод и канализација“, посочи Ѓорѓиевски во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Такво нешто, како што рече, досега не се случило во изминатите 30 години во државата.

„Како Управен одбор на ЗЕЛС, до крајот на оваа година ќе имаме состанок со Владата и со претседателот на Владата и верувам дека и ова прашање ќе го отвориме, ќе разговараме за тоа, но подетални информации поврзани со тоа немам“, рече Ѓорѓиевски.

Прашан дали проблемите со донесувањето на буџетот на Град Скопје за 2025 година може да предизвикаат блокада и на останатите општини во градот, рече дека тоа прашање ќе се разгледа на денешното Генерално собрание на ЗЕЛС.

„Арсовска во принцип од моментот кога е променета од позицијата Претседател на ЗЕЛС многу ретко, да не речам и никогаш не учествува во работата и функционирањето на ЗЕЛС и тоа е нејзина одлука. Но, денеска е присутен претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и секако дека ќе разговараме за тоа. Ќе барам од Славески да елаборира за состојбите и откако ќе ги добиеме сите релевантни информации соодветно ќе бидете информирани“, рече Ѓорѓиевски.

globe

Слични новости

Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите

Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има

Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има

Најнапред да се воспостави мирна состојба односно да се дојде до взаемно решение кое би гарантирало долгорочен мир, а во меѓувреме да се разговара за модалитетите за натамошна помош, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски за Гласот на Америка