Десеткратниот победник на Австралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во 4. коло од овогодинешното издание на првиот сезонски „гранслем“ со убедливи 6:1, 6:4, 6:4 над Чехот Томаш Махач.

Иако се очекуваше дека мечот меѓу Ѓоковиќ и Махач може да биде неизвесен со оглед на нивната неодамнешна средба во Јунајтед Куп, Ѓоковиќ доминираше од почеток до крај.

 

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде уште еден Чех, Јиржи Лехечка, кој исто така беше убедлив во 3. коло, победувајќи го Французинот Бенжамин Бонзи со 6-2, 6-3, 6-3.

Претходно во минување во следното коло обезедија и Шпанецот Карлос Алкараз кој го совлада португалскиот тенисер Нуњо Борхес со 6-2, 6-4, 6-7 (3), 6-2, Американецот Томи Пол беше подобар од Шпанецот Роберто Карбаљес со 7-6 (0), 6-2, 6-0, а германскиот тенисер Александар Зверев го победи Британецот Џејкоб Фернли со резултат 6-3, 6-4, 6-4.

globe

Слични новости

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Фокс разменет во Спарс, ЛаВин оди во Кингс

Голема размена се случи во американската професионална кошаркарска НБА лига, во која учествуваа три клуба, а беа разменети седум играчи и уште седум избори на драфтот, а најголемото име што го промени клубот беше „Ол-стар“ бекот Де’Арон Фокс, кој премина од Сакраменто Кингс во Сан Антонио Спарс