
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италеијанецот Лоренцо Музети со 2:0 ( 6:2, 6:2) во осминафиналето на Мастерсот во Мајами. Мечот започна со водство на Музети од 2:0 во гемови, но потоа Ѓоковиќ успеа да освои шест гема по ред. Во вториот сет, со сигурна игра Ѓоковиќ рутински го победи Музети, кој немаше противодговор на квалитетната игра на Ѓоковиќ.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Себастијан Корда, а доколку победи во полуфиналето го очекува подобриот од четвртфиналниот меч меѓу Бугаринот Григор Димитров и Аргентинецот Франциско Серундола.
Патот до финалето на Ѓоковиќ му стана полесен откако во второто коло на мастерсот неочекувано загуби Карлос Алкараз.
Слични новости
Новак Ѓоковиќ и Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами
Новак рече дека се радува што во финалето во недела ќе има можност да игра за својата јубилјна 100-та титула во кариерата. „Ќе дадам се од себе и ќе играм како никогаш досега, за да стигнам до стотата титула во кариерата“ порача Ѓоковиќ.
Минесота го победи Феникс во борбата за плеј оф на Западот, Денвер убедлив против ослабената Јута
Минесота е осма на западот со ист број на победи 42 како седмопласираните Голден Стејт и шестопласираните Клиперс. Шестопласираниот тим на западот во првото коло на плеј офот најверојатно ќе игра против Денвер кој е трети
Марадона починал во агонија, изјави на судењето форензички експерт
Славниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона починал во агонија од пулмонален едем и болест на срцевиот мускул, изјави медицински експерт на судењето во Буенос Аирес