Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ рече дека повеќето играчи веруваат во фаворизирање во тенискиот анти-допинг систем и повика на негово преиспитување по случаите на светскиот рекет број еден Јаник Синер во машка конкуренција и вториот светски рекет кај жените Ига Швјонтек.
Синер се договори за тримесечна забрана за допинг во саботата, откако беше позитивен на тестот за анаболниот агенс клостебол минатата година, додека Швјонтек отслужи едномесечна суспензија на крајот на 2024 година, бидејќи беше позитивен на тестот за забранетата супстанција триметазидин (TMZ). Интигрантно е тоа што суспензијата на Синер е во периодот пред главните тениски турнири, а необјавената казна на Швјонтек беше вон сезоната.
Иако Ѓоковиќ не сугерираше дека некој од победниците на грен-слем намерно направил нешто погрешно, тој рече дека има недоследности во односот на Меѓународната тениска агенција за интегритет (ITIA) кон нив.

„Двата случаи на Ига Швјонтек и Јаник Синер привлекоа големо внимание и тоа не е добра слика за нашиот спорт“, изјави Ѓоковиќ, кој во својата колекција има 24 грен слем титули.
„Повеќето играчи не чувствуваат дека процесот е фер. Повеќето играчи чувствуваат дека се случува фаворизирање. Се чини дека речиси можете да влијаете на исходот ако сте врвен играч, ако имате пристап до врвни адвокати и што ли уште не“, додаде Ѓоковиќ, кој моментално учествува на турнирот во Доха.
Други сегашни и поранешни играчи како Ник Киргиос, Стен Вавринка и Тим Хенман покренаа прашања за случајот на Синер, при што вториот сугерираше дека истекувањето на неговата забрана непосредно пред Мастерсот во Рим и Ролан Гарос е „премногу згодно“.
Ѓоковиќ, кој е ко-основач на Здружението на професионални тенисери (PTPA) како глас на спортистите во играта, рече дека постои голема недоверба меѓу неговите колеги играчи кон целиот допинг процес.
„Мислам дека сега е зрело време за решавање на системот бидејќи системот и структурата очигледно не работат на антидопинг, тоа е очигледно“, рече 37-годишниот Србин.
Спогодбата на Синер со Светската антидопинг агенција (WADA), која поднесе жалба кога Италијанецот беше ослободен без казна минатата година, значи дека агенцијата го прифати неговото објаснување дека позитивниот тест се должи на неисправни производи што ги користел неговиот масер.
„Синер беше суспендиран на три месецa поради грешки и невнимание на членовите на неговиот тим кои работеа и натаму на (АТП) турнирите, така што тоа е нешто што е малку чудно за мене лично, но и за многу играчи“, рече Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ истакна дека ITIA се чини дека следи многу различни процеси во случаите на допинг, како што се оние со Романката Симона Халеп и Британката Тара Мур.
„Има толку многу недоследности меѓу случаите“, рече тој.
„Ги видовме на социјалните мрежи Симона Халеп и Тара Мур и некои други играчи кои се можеби помалку познати кои со години се борат да ги решат своите случаи или се казнети со години. Мораме да имаме на ум дека Синер и Швјонтек беа број еден во светот во времето кога беа објавени нивните позитивни тестови“, додаде Ѓоковиќ.
Слични новости
Андреева преку Сабаленка до најголемиот трофеј во кариерата
Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева надомести сет заостанување против светскиот рекет број еден Арина Сабаленка од Белорусија и победи со 2:6, 6:4, 6:3 во финалето на БНП Парибас опен во Индијан Велс
Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубо
Ф1: Норис најбрз во Мелбурн
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.