„Не знам уште колку Гренд слемови имам во себе“ изјави најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло на Роланд Гарос. Тој го совлада Американецот Мекензи Мекдоналд со 3:0 во сетови 6:3, 6.3 и 6:3 за помалку од два часа игра.

Српскиот тенисер имаше двојно повеќе винери од својот противник, кој не можеше да му парира на Ѓоковиќ во ниту еден сет. Во второто коло на Ролан Гарос Ѓоковиќ ќе игра против домашниот тенисер Корентан Муте.

„Прекрасно е чувството што се враќам тука една година подоцна. Не знам на уште колку Гренд слемови ќе учествувам. Сакам да го извлечам максимумот од сето тоа, особено од овој Гренд слем. Повторно ги преживувам прекрасните спомени на теренот „Филип Шатрије“ каде што го освоив златото на Олимписките игри“ изјави Новак Ѓоковиќ.

Слични новости

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Астрономска плата за Инзаги во Ал-Хилал, Интер го сака Фабрегас

Интер Милан, откако се согласи да го раскине договорот со Симоне Инзаги (49), бара нов тренер, а главен кандидат за клупата на „нероаѕурите“ е поранешниот играч од средниот ред на Арсенал и Барселона, Сеск Фабрегас (38), објавија италијанските медиуми