Првиот финалист на овогодинешниот турнир Австралија опен е германскиот тенисер Александер Зверев, комју по првиот сет поради повреда полуфиналниот меч му го предаде српскиот играч Новак Ѓоковиќ.
Зверев во финалето ќе игра против победникот од мечот меѓу бранителот на титулата, Италијанецот Јаник Синер и Американецот Бен Шелтон подоцна во петокот.
Првиот сет, кој Зверев го доби во тај-брејк против Ѓоковиќ, траеше час и 21 минута. Откако Зверев не успеа да искористи ниту една од своите пет брејк топки, а Ѓоковиќ имаше три неискористени, германскиот тенисер победи во тај-брејкот со 7-5. Веднаш потоа Ѓоковиќ тргна кон мрежата и го предаде мечот.
„Воопшто не тренирав по мечот со Алкараз. Првпат ја удрив топката на еден час пред полуфиналниот натпревар против Зверев. Се обидов да направам сѐ за да бидам подготвен, но на крајот од првиот сет болките почнаа да се влошуваат. Овојпат не можев да се снајдам. Да го добиев првиот сет, можеби ќе се обидов да се борам уште некое време. Во секој случај, несреќен крај“, изјави Ѓоковиќ.
Ова го остави Ѓоковиќ на десет победи на Австралија опен во кариерата, а овојпат фаталната повреда на мускулот на ногата беше причина да побара лекарска помош на крајот од првиот сет од четвртфиналниот меч против Шпанецот Карлос Алкараз. Ѓоковиќ на крајот го доби тој меч во четири сета, но не отиде подалеку од тоа.
Зверев во кариерата сѐ уште ја чека првата титула на еден од четирите Грен слем турнири. Двапати играше во финалето и двата пати загуби, во 2020 година на УС Опен од Австриецот Доминик Тием, додека минатата година беше поразен на Ролан Гарос од Шпанецот Карлос Алкараз.
Слични новости
Премиер лига: Арсенал го победи Манчестер Сити со 5:1
Во дерби натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Манчестер Сити со 5:1
Манчестер Јунајтед го доведе Данецот Доргу
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед потпиша договор со 20-годишниот дански лев бек Патрик Доргу до 2030 година, објави во неделата клубот од Премиер лигата
Рудигер неизвесен, неизвесен за натпреварот против Манчестер Сити
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, го повреди мускулот на десната бутина на мечот против Еспањол во саботата и е неизвесен неговиот настап во првиот натпревар од плеј-офот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити