Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на последниот турнир Мастерс 1000 за оваа година, кој ќе се игра во Париз следната седмица.

„Драг Паризе, за жал, нема да се натпреварувам на @RolexPMasters оваа година. Имам прекрасни спомени и големи успеси во текот на годините поврзани со овој турнир, особено затоа што ја освоив титулата седум пати. Се надевам дека ќе се видиме следната година“, објави 38-годишниот Ѓоковиќ, моментално петторангираниот тенисер во светот.

Иако ја освои последната од своите 24 титули на Гренд слем во 2023 година, Ѓоковиќ рече дека не размислува за пензионирање, а како инспирација за продолжување на кариерата, ги наведе великаните како што се кошаркарот Леброн Џејмс, играчот на американски фудбал Том Брејди и фудбалерот Кристијано Роналдо, сите успешни и по 40-годишна возраст.

globe

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа