Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва победи на АТП турнирот во Атина, откако во возбудливото и неизвесно финале го победи Италијанецот Лоренцо Музети со 2:1 во сетови ( 4:6, 6:3 и 7:5).
Мечот траеше цели три часа, а во решавачкиот трети сет имаше дури пет брејкови на сервис на противникот.
Ова е 101-ва титула на АТП турнирите, а повеќе титули од него имаат Џими Конорс 109 и Роџер Федерер 103.
По мечот Ѓоковиќ изјави дека мечот беше исцрпувачки и дека Музети одиграл многу добар тенис.
Слични новости
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб


