„Ѓаволот носи Прада 2“ продолжението на култниот филм за Ен Вентур и модната индустрија од 2006 со Мерилс Стрип, Ен Хатавеј, Стенли Тучи и Емили Блант станува втор најгледан филм на сите времиња со жени во главните улоги, по феноменот „Барби“ кој заработи повеќе од милијарда долари.
Во првиот викенд „Ѓаволот носи Прада“ заработи 234 милиони долари глобално, а до вториот викенд, се очекува филмот да надмине заработка од 300 милиони долари. Студиото Дизни се надева дека до крајот на оваа недела „Ѓаволот носи Прада 2“ ќе надмине заработка од 450 милиони долари.
Филмот веќе е на шестото место на најспешните филмови на Бокс офисот за 2026, а по овој викенд сигурно е дека ќе биде во првите 5.
Слични новости
Хамнет најдобар британски филм, Сентиментална вредност филм на годината на неанглиски јазик на БАФТА наградите
Наградата Бафта за британски филм на годината ја освои филмот „Хамнет“ кој има номинации и за Оскар. За филм на годината што не е на англиски јазик...
„Една битка по друга“ филм на годината на британските Бафта награди
На гала церемонијата за доделувањето на британските филмски награди БАФТА што се одржаа синоќа во Лондон, доминираше „Една битка по друга“ на режисерот Пол Томас Андерсон.
Театрите на Бродвеј бележат поголем интерес кај публиката минатата недела
Бродвеј забележува зголемување на публиката за 11 насто во однос на претходната недела, иако ги поскапе влезниците за најпопуларните претстави.